Connect with us

Филм

Почина глумецот Кари-Хиројуки Тагава

Јапонско-американскиот актер Кари-Хиројуки Тагава почина на 75-годишна возраст. Глумецот почина вчера во Санта Барбара, од компликации по доживеан мозочен удар, потврди неговата менаџерка Марџи Вајнер.

Тагава е роден во Токио, но пораснал во САД, додека неговиот татко, кој е роден на Хаваи, бил стациониран во американските воени бази. Актерот вежбал повеќе разни боречки вештини, но ги напуштил затоа што не бил заинтересиран за борба и таков вид натпревари. Беше можеби најпознат по своите улоги во „Мортал комбат“, „Перл Харбор“, „Мемоарите на една гејша“ и „47 Ронин“. Тој глумеше и во познатиот „оскаровски“ филм на Бернардо Бертолучи – „Последниот кинески цар” (The Last Emperor).

– Почина опкружен со семејството и нивната љубов, рече Вајнер.

Тагава во 2015 година се преобрати во православно христијанство и доби руско државјанство една година подоцна

Ad 4
Маркетинг
Маркетинг
Ad 2
Ad 2