Скопје
Финализирана реконструкцијата на улицата „Ѓорѓи Димитров“
Со завршувањето на последната фаза од асфалтирањето, комплетно е финализирана реконструкцијата на улицата „Ѓорѓи Димитров“ во Општина Кисела Вода.
Како што информираат од општината, со новото уредување се создава уреден сообраќаен пат- широк коловоз, нови тротоари, партерно уреден простор како и ново улично осветлување.
-Ова ќе придонесе за подобар проток, зголемена сообраќајна безбедност и многу поквалитетно секојдневие за жителите. Реконструкцијата покрива потег долг околу 1200 м и широк 12 метри. Проектот е обезбеден со поддршка од Владата на Република Македонија преку Програмата за капитални инвестиции, се вели во соопштението.
декември 5, 2025


