Connect with us

Скопје

Започна големата акција за пошумување „Зелена Општина Илинден“

На повеќе локации во општина Илинден се спроведува голема акција за пошумување, во рамки на проектот „Зелена Општина Илинден“. Во рамки на акцијата која ќе трае во наредниот период ќе бидат засадени над 600 садници од повеќе видови, а целта е да се придонесе за подобрување на квалитетот на воздухот, унапредување на животната средина, како и подобрување на условите за живеење.

Заедно со општествено одговорни компании, граѓани, ученици, јавните претпријатија, општинската администрација, се сади покрај пешачко- велосипедските патеки, улици, патишта, училиштата, детската градинка, спортските терени, пределот во н.м. Мршевци кој беше зафатен од пожарите во текот на летниот период како и други јавни површини.

Со засадување на високорастечки декоративни дрвца денеска акцијата ја започнаа градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски и генералниот директор на ТАВ Македонија Неџат Курт. Акцијата се одвиваше во делот кај новото основно училиште и домот за стари лица во Илинден.

Градоначалникот Георгиевски нагласи дека грижата за екологијата и здравата животна средина е заедничка одговорност и дека општината сè почесто организира вакви еколошки акции. Со проектот се настојува да се создаде почиста и позелена општина и да се подигне еколошката свест кај населението.

Тој упати и искрена благодарност до компаниите ТАВ, Дени Интернационал, Интер-Оил, Адора, Белина, Јоки10, Пекабеско, МАН и Елмед за нивниот придонес и донацијата на садниците, со што ја потврдија својата посветеност кон заштитата на животната средина.

Ad 1
Маркетинг
Маркетинг
Ad 4
Ad 3