Тенис
Фабио Фоњини: Дејвис купот ја изгуби својата величина поради повлекувањето на Синер и Алкараз
Италијанскиот тенисер Фабио Фоњини го коментираше отсуството на Карлос Алкараз и Јаник Синер од неодамнешниот Дејвис куп.
– Го реструктуираа – некои велат на полошо. Се согласувам. Врвните играчи бараат Дејвис купот да се одржува на секои две години – не знам што да мислам за тоа. Секако, турнирот ја изгуби својата величина поради повлекувањето на Синер и Алкараз. Таму немаше големи имиња – играше само Зверев од првите 10. Ова е лошо за Дејвис купот. Треба да се преиспита. Но, секако, овој турнир никогаш нема да биде приоритет за Јаник и Карлос, изјави 38-годишниот Фоњини.
Неодамна во Болоња, Дејвис купот го освои репрезентацијата на Италија, нивни трет трофеј во низа.
ноември 28, 2025

