Connect with us

Вести

Николоски до Крмов: Ако Кина се спремни да дадат бескаматен кредит за Охрид-Кичево, Вие договорете го, ние ќе го прифатиме

Потпретседателот на Владата и министер за транспорт Алексаднар Николоски одговарајќи на пратенички прашања во Собранието, изјави дека до Владата не пристиганала понуда за користење на бескаманет кредит од Кина за финансирање на инфраструктурни проекти, нагласувајќи дека на повикот за финансирање на брзата пруга на Коридорот 10, иако бил отворен за жал не пристигнала ниту една понуда од Кина или кинеска компанија.

На прашање од пратеникот Борислав Крмов од Левица, во однос на изјава од Николовски, дека нашата Влада има одбиено бескаматен кредит од НР Кина за Коридорите 8 и 10, а се користи заем од Обединетото Кралство, Николовски рече дека се работи за изјава што е извадена од контекст, посочувајќи дека таква работа, за жал, не стигнала како понуда до Владата, а да стигнела би ја разгледале многу сериозно.

– Во моментов со кредит од кинеската Ексим банка се гради автопатот Охрид-Кичево. Гледаме по телевизија промотивни видеа од висечки мостови, подводни, надводни… ама 57 километри од Охрид до Кичево некако тешко им оди да ги завршат. Толку околу компаниите кои што доаѓаат со тие средства. Но, имајќи предвид дека средствата кои се дел од рамката што ја имаме нема да бидат доволни и ќе треба да позајмиме нови средства за да го довршиме, зошто треба сериозна стабилизација на косини. Има 16 ултра критични. Видов дека вчера сте се сретнале со амбасдорката на НР Кина, јас се сретнав минатата недела. Имавме пријатна средба. Ако се навистина спремни да дадат безкаматен кредит, еве за Охрид-Кичево нека дадат. Вие договорете го, ние ќе го прифатиме, изјави Николовски.

Крмов, на тоа реагираше дека ако е точно дека изјавата е извадена од контекст, требало да ја демантирана, повикувајќи го да излезе и ја објасни понудата која пристигнала.

Николовски, за средства од Ексим банка, што земјава моментално ги користи, рече дека се најпарадоксалниот кредит, бидејќи државата враќа средства за кредит за проект што се уште не е завршен.

-Кредити за проекти или инвестициско инвестирање обично почнуваат да се враќаат откако проектот ќе се заврши. Ние сме во една прилично тешка ситуација, каде ЈП Државни патишта заедно со Министерството за финансии враќа средства кон кинеска Ексим банка за проект што не е завршен. Толку од нивната флексибилност, иако неколку пати беше побарано да се продолжи грејс периодот до завршување на проектот, на тоа не се согласија, изјави Николоски.

Во однос на железницата на Коридорот 10, Николски посочи дека иако повикот бил отворен за финансирање и стигнале бројни од многу финансиски институции, за жал не пристигнала ниту една од Кина или кинеска компанија.

– Доколку сакаа да го финансираат Коридорот 10, брзата пруга, можеа да се пријават. Да дадат најдобри услови и да ги избереме. Но, имајќи предвид дека не се пријавија не можевме да ги избереме, зошто нема како, изјави Николоски.

Маркетинг
Маркетинг
Ad 2
Ad 4