Connect with us

Вести

Димитровски на министерскиот состанок на ЦЕИ во Белград: Владата е целосно посветена на европскиот пат

Заменик министерот за надворешни работи и надворешна трговија Зоран Димитровски денеска во Белград учествуваше на вториот дел од Состанокот на министрите за надворешни работи на земјите учеснички на Централно – европска иницијатива (ЦЕИ), во рамки на српското претседавање со иницијативата.

Како што информираат од МНРиНТ, фокус на годинашните дискусии беше ставен на стратешката важност – изнаоѓање на модалитети за зајакнување на регионот на земјите членки на ЦЕИ преку поврзаност, иновации и евроинтеграција. Истовремено, беше потенцирано дека проширувањето на ЕУ не е само технички процес – тоа е геополитичка неопходност.

-Процес кој е предвидлив, базиран на заслуги и со поголема вклученост на земјите-кандидатки во политичките дијалози, програми и иницијативи на ЕУ, би дал посилна политичка порака и ќе може да се спротивстави на фрустрацијата и скептицизмот кај граѓаните во регионот, нагласил Димитровски.

Посебно акцентирајќи ја нашата позицијата, Димитровски укажал дека нашата земја има потреба од поверодостоен, конзистентен и сигурен процес на пристапување.

-Владата останува целосно посветена на европскиот пат, барајќи конструктивни решенија базирани на компромис преку дијалог со нашиот сосед, Република Бугарија. Целосно се согласуваме дека билатералните договори со соседните земји треба да се спроведуваат со добра волја од сите страни, истакнал заменик министерот.

Тој додал дека билатералните прашања за историјата и идентитетот мора да останат надвор од процесот на пристапување, а проширувањето мора да остане базирано на заслуги и Копенхашките критериуми.

-Потребен е целосен ресет во дијалогот со Бугарија, со цел обновување на довербата и напредно ориентиран пристап. Комуникацијата и соработката во рамките на проектот „Коридор 8“ е добар пример за билатерална соработка, заклучил Димитровски.

Во смисла на регионалната соработка, за време на состанокот, министрите уште еднаш ја потврдиле улогата на ЦЕИ, како иницијатива која придонесува за ефективно решавање на актуелните регионални прашања и истовремено претставува цврста основа за понатамошно продлабочување на соработката во сите сфери од заеднички интерес.

Маркетинг
Маркетинг
Ad 2
Ad 3