Вести
Бугарскиот новинар и публицист Владимир Перев пријавил во МВР вербален и физички напад врз него
МВР постапува по случајот пријавен од новинарот и публицист Владимир Перев (80), дека бил објект на вербален и физички напад од непознато лице во Скопје.
Во колумна објавена на порталот Трибуна.мк, Перев објави дека бил нападнат од маж на околу 40 години кој заедно со него чекал во редот на касата во маркетот. Нападот, како што тврди, бил мотивиран од неговата припадност кон бугарската заедница.
Инцидентот се случил во петокот, а полицијата објави дека презема мерки за расчистување на случајот.
– На 21.11.2025 во 21:30 часот во СВР Скопје, В.П. (80) од Скопје пријави дека во 21:05 часот во маркет на подрачјето на Центар во Скопје бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат од МВР.
За овој случај се огласи и бугарското МНР. Во соопштението на објавено на нивната веб страница се бара надлежните органи во Република Северна Македонија да преземат навремени и ефикасни мерки за истрага и правда
ноември 26, 2025

