Connect with us

Вести

Мицкоски за апсењето на Аца Лукас: Законите и правилата се јасни и секој мора да ги почитува, не планирам да посветувам внимание на овој случај

Законите и правилата се јасни и секој мора да ги почитува, порача денеска премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање за апсењето на српскиот пејач Аца Лукас во петокот на настап во Кавадарци.

Тој посочи дека не знаел за случајот и оти пред неколку дена бил информиран од соработниците во кабинетот, по завршувањето на настанот, нагласувајќи дека внимателно ќе ги следат, како што рече, однесувањата на таквите естрадни уметници и нивни менаџери.

– Јас и не знаев дека тоа се случило да бидам искрен. Ми се јавија луѓето од Кабинетот да ме информираат пред неколку дена. И претпосатвувам дека некој таму сака да создаде естрада, која што таму е присутна да ја пренесе овде. Мислам дека не треба многу внимание да му се посветува на ова. Јасни се законите, јасни се правилата, секој мора да ги почитува. И многу строго и внимателно ќе ги следиме однесувањата на ваков тип на естрадни уметници и нивни менаџери – изјави Мицкоски по промоција на Ресурсниот центар за поддршка на развојот на општините.

При вршење акциска контрола во угостителски објекти на подрачје на Кавадарци во петокот вечерта бил прекинат настапот на српскиот пејач Аца Лукас, бидејќи, според МВР, било констатирано дека настапувал без соодветна дозвола.

Маркетинг
Маркетинг
Ad 3
Ad 4