Вести
Јавна расправа за Четврта анализа на пазар на услуги во јавни мобилни електронски комуникациски мрежи
Агенцијата за електронски комуникации отвори Јавна расправа за Четвртата анализа на пазар за пристап и започнување на услуги во јавни мобилни електронски комуникациски мрежи .
Сите заинтересирани субјекти можат да ги достават своите мислења и забелешки за нацрт документот најдоцна до 12 декември годинава.
– Основната цел за спроведување на четвртата анализа на овој пазар е да се дефинира пазарот и услугите кои се обезбедуваат, да се определат операторите кои делуваат на овој пазар, да се определи дали пазарот е доволно конкурентен или се приближува кон состојба на ефективна конкуренција, дали постои оператор на јавна електронска комуникациска мрежа кој поседува економска моќ и капацитет да дејствува во забележителни размери независно од конкурентите и корисниците на тој пазар, односно да се определи дали на пазарот постои оператор или оператори со значителна пазарна моќ, велат од АЕК.
Tomorrow Morning Banner
Анализата го опфаќа временскиот период од 01.01.2021 – 31.12.2024 година), кога во евиденцијата на АЕК се нотифицирани мобилните мрежни оператори на јавни мобилни комуникациски мрежи, Македонски Телеком АД Скопје и А1 Македонија ДООЕЛ Скопје, како и виртуелните Лајкамобајл ДООЕЛ Скопје, МТЕЛ ДООЕЛ Скопје, ТРД РОБИ ДООЕЛ Штип и Греен Телекомуникации ДОО Прилеп.


