Connect with us

Тенис

Федерер ќе биде примен во Меѓународната тениска сала на славните

Поранешниот светски број еден, швајцарскиот тенисер Роџер Федерер, ќе биде примен во Меѓународната тениска сала на славните во 2026 година, објави АТП.

Федерер, којшто беше номиниран на почетокот на октомври, за изборот дознал од други членови на Куќата на славните за време на телефонски разговор со Стефан Едберг и Борис Бекер.

– Огромна чест е да бидам избран во Меѓународната тениска сала на славните и да стојам покрај толку многу големи шампиони во овој спорт. Низ целата моја кариера, секогаш ја ценев историјата на тенисот и примерот што го дадоа оние што дојдоа пред мене. Беше големо задоволство да се чуе оваа вест, изјави Федерер.

Швајцарецот освои 103 титули во текот на својата кариера, вклучувајќи 20 грен слем титули. Тој го држи рекордот за најмногу последователни недели на првото место во светот – 237, од февруари 2004 до август 2008 година. Федерер се пензионираше во септември 2022 година.

Официјалната церемонија ќе се одржи од 27 до 29 август 2026 година во Њупорт, Велика Британија.

Маркетинг
Маркетинг
Ad 1
Ad 4