Connect with us

Вести

Во петок се очекува да биде свикана собранискатa Комисија за избор на претседател на ДКСК

Во Собранието денеска почна со работа Комисијата за селекција на кандидатите за избор на претседател на Државната комисија за спречување на корупцијата во состав на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата. За претседател на ДКСК пријавени се 10 кандидати.

Претседателот на Комисијата, пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојаноски информира дека во петок ќе биде свикана седница на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата на која ќе биде изгласан кандидатот по донесувањето на одлуката од членовите на Комисијата за селекција.

-Првично имаше пријавено 13 кандидати за оваа позиција. Едниот кандидат ги повлече документите, а Комисијата по административната проверка заклучи дека двајца кандидати не ги исполнуваат условите. Во моментов има десет кандидати кои ги исполнуваат условите. Денеска започнуваме со интервју со пет од нив, а утре ќе продолжиме со останатите пет. И планот е во петок да биде свикана собраниската Комисија за избори и именувања и претседател на ДКСК да биде избиран по оценувањето на Комисијата за селекција, рече тој.

Стојаноски нагласи дека по завршувањето на интервјуата на десетте кандидати, односно во четврток членовите на Комисијата за селекција на кандидатите треба да се соберат и да донесат одлука за рангирање на кандидатите соодветно и да ги оценуваат секој член на Комисијата посебно.

Маркетинг
Маркетинг
Ad 3
Ad 1