Connect with us

Вести

Во собраниската Комисија за избори и именувања интервјуирани петмина од кандидатите за претседател на ДКСК, останатите петмина утре

Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата денеска почна со спроведување на интервјуата на кандидатите за избор на претседател на Државната комисија за спречување на корупцијата.

За позицијата се пријавија 13 кандидати, а по извршениот процес на селекција во Комисијата за селекција на кандидати останаа десетмина Весна Доревска, Владимир Наумоски, Антонио Санев, Бранко Смилевски, Валентина Тодоровска, Ненад Трифуновски, Благица Трошанска, Кимо Чавдар, Адем Чучуљ, Феузи Џафери.

Комисијата денеска ги интервјуираше Весна Доревска, Владимир Наумоски, Антонио Санев, Бранко Смилевски, Валентина Тодоровска, додека интервјуирањето на Ненад Трифуновски, Благица Трошанска, Кимо Чавдар, Адем Чучуљ, Феузи Џафери е закажано за утре. 

Постапката за избор на претседател на ДКСК продолжува по завршувањето на локалните избори, а Собранието врши повторен избор на прв човек на антикорупциска по оставката на Татјана Димитровска, осомничена за вмешаност во случајот „Адитив“. 

За претседател на Државната комисија може да биде именувано лице кое е македонски државјанин и има постојано место на живеење во земјава, да има деловна способност, да има високо образование со стекнати најмалку 300 ЕКТС или VII/1 степен на образование од областа на правните науки или високо образование со стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или VII/1 степен на образование од областа на политичките, комуниколошките или економските науки, да има најмалку десет години работно искуство по завршување на високото образование, од кои најмалку осум години работно искуство во областите на откривање или спречување корупцијата, владеење на правото или добро управување, да не му е изречена забрана за вршење професија, дејност или должност, во последните десет години да не било пратеник во Собрание, член на Владата, да не било донатор на политичка партија или да не вршело функција во органи на политичка партија.

Маркетинг
Маркетинг
Ad 4
Ad 1