Connect with us

Тенис

Оже-Алијасим за жалбите на тенисерите за распоредот: Ако сакате да играте помалку турнири, останете дома

Канадскиот тенисер Феликс Оже-Алијасим одговори на прашање за тенисерите кои се жалат на нивниот густ распоред.

– Не разбирам како некому може да не му се допаѓа нешто што не мора да го практикува. Разбирам дека може да се заморите. И јас сум уморен. Патувам низ светот и гледам различни работи. Мислам, имаме среќа. Секое утро се будам и сум среќен. Ми се допаѓа што сум тука. Дури и да изгубам, не е голема работа. Не знам. Ако сакате да играте помалку турнири, останете дома. Никој не ве принудува, рече Оже-Алијасим на прес-конференција.

Вчера, 25-годишниот Канаѓанец го победи Германецот Александар Зверев и се пласираше во плејофот на завршниот АТП турнир. Оже-Алијасим ќе се соочи со Шпанецот Карлос Алкараз во полуфиналето. 

Маркетинг
Маркетинг
Ad 1
Ad 1