Connect with us

Економија

Во септември издадени 314 дозволи за градба

Во септември годинава се издадени 314 одобренија за градење, што е за 6,1 процент повеќе во однос на истиот месец од претходната година, соопшти Државниот завод за статистика.

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 7,12 милијарди денари, што е за 5,2 проценти помалку во однос на истиот месец лани.

Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 220 (70,1 проценти) се наменети за објекти од високоградба, 38 (12,1 проценти) за објекти од нискоградба и 56 (17,8 проценти) за објекти за реконструкција.

Од вкупно 314 објекти, на 229 (72,9 проценти) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 85 (27,1 проценти) објекти инвеститори се деловни субјекти.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 727 станови со вкупна корисна површина од  69.411 метри квадратни.

Маркетинг
Маркетинг
Ad 3
Ad 2