Connect with us

Економија

Зголемени продажните цени на производителите на индустриски производи

Продажните цени на производителите на индустриски производи во септември 2025 година се зголемени за 0,5 отсто во однос на претходниот месец и за 4,5 проценти во однос на истиот месец лани, соопшти Државниот завод за статистика.

Продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно (на домашниот и на странскиот пазар), во однос на претходниот месец се намалени во секторот Рударство и вадење на камен за 0.6 %, a се зголемени во секторот Преработувачка индустрија за 0.5 %, во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 1.4 % и во секторот Снабдување со вода; отстранување на вода, управување со отпад и дејности за санација на околината за 4.9 %.

Во септември 2025 година, во однос на истиот месец од претходната година, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се зголемени во секторот Рударство и вадење на камен за 1.8 %, во секторот Преработувачка индустрија за 4.4 %, во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 7.3 % и во секторот Снабдување со вода; отстранување на вода, управување со отпад и дејности за санација на околината за 6.9 %. 

Ad
Ad