Економија
Гувернерот Славески на Седмата заедничка конференција на централните банки на Полска и Унгарија
На покана на гувернерите Адам Глапињски од Централната банка на Полска и Михали Варга од Централната банка на Унгарија, гувернерот на Народната банка, Трајко Славески присуствуваше на Седмата заедничка конференција во организација на двете централни банки.
Како што наведува Народната банка на својот фејсбук профил, темата на конференцијата „Патувањето на дезинфлацијата во регионот на Централна и Источна Европа: предизвиците што претстојат“ е посветена на искуствата од соборувањето на високата инфлација во земјите од ЦИЕ, како и на предизвиците со кои ќе се соочуваат во иднина, во домашен и во меѓународен контекст.
-На Конференцијата се разговараше за економските модели на раст и за финансиските системи како најважната поддршка за поттикнување одржлив економски развој, како и за осмислувањето соодветни макроекономски политики во услови на светска неизвесност, информира гувернерот.
ноември 10, 2025

