Connect with us

Вести

Јаневска: Конечно почна поголема промоција на науката во Македонија

„Науката како патоказ во време на промени“ е насловена конференцијата што денеска ја организира Агенцијата за иновации, научно-технолошки развој и претприемништво – ИНОВА. Конференцијата се одржува во ИНОКС-центар во Скопје и е посветена на инспирирање на младите за значењето и улогата на науката во справувањето со современите општествени предизвици.

Министерката за образование и наука Весна Јаневска пред отворањето на конференцијата изјави дека е задоволна од тоа што, рече, „конечно почна поголема промоција на науката во Македонија“.

Тоа беше неопходно, затоа што иновациите, научните достигнувања се нешто што во моментов во целиот свет се на голема цена. Многу ми е драго што тука гледам многу млади луѓе заинтереирани за работа во областа на науката. Како влада направивме многу за раздвижување на науката, имаме двојно поголем буџет, владата покажа интерес кон развој на науката и создавање на новата агенција ИНОВА, како и сите други активности кои ги презедовме, доделување проекти и одвоени средства за науката…, рече Јаневска.

Порача младите да се вклучат во процесот што ги поврзува академијата и стопанството, посочувајќи дека Агенцијата ИНОВА е мостот преку кој, рече, тие ќе можат да се вклучат како млади научници, а да придонесат во иновации за развој на стопанството.

Директорката на ИНОВА, Даниела Димовска, изјави дека Агенцијата за иновации, научно-технолошки развој и претприемништво постои за младите за да им даде реална поддршка да креираат во нашата држава.

Ако сакаме да ги задржиме младите тука, тогаш треба да им овозможиме реални можности каде што ќе можат да создаваат. Веќе заминува трендот на вработување во државна администрација, младите сега сакаат можности за самите да творат и креираат. Затоа е и идејата за основање на оваа институција, истакна Димовска.

Маркетинг
Маркетинг
Ad 1
Ad 3