Тенис
Ѓоковиќ донесе одлука за настапот на завршниот Мастерс
																								
												
												
											Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, кој оваа недела е дел од АТП турнирот во Атина донесе одлука за својот настап на завршниот Мастерс што се игра во Торино.
Според информацијата што ја пренесе претседателот на Тенискиот сојуз на Италија, Анџело Бинаги, српскиот тенисер ќе биде дел од „осмерецот“ што треба да настапи на последниот турнир.
Ѓоковиќ од претходно има обезбедено учество, но сè уште го нема потврдено учеството, но го нема ниту откажано. Минатата година седумкратниот победник на Мастерсот (последен пат 2023 година) учеството го откажа многу порано. Српскиот тенисер досега има 16 учества на овој турнир, кој годинава ќе се игра од 9 до 16.ноември.
ноември 4, 2025
											
											
											
								
								
