Connect with us

Општини

Имери им се заблагодари на дебрани за поддршката и му го честита на Меља изборот за градоначалник

Независниот кандидат за градоначалник на Општина Дебар, Рамадан Имери, денеска им се заблагодари на дебрани што му дале поддршка. 

-Почитувани дебрани, од градот па сѐ до секое село на нашата општина. Од срце ви благодарам за поддршката, довербата и љубовта што ја покажавте за време на целата оваа кампања. Иако резултатот не беше во наша полза, јас се чувствувам како победник, затоа што ја освоивме почитта и благодарноста на многу луѓе кои искрено го сакаат нашиот Дебар, напиша Имери во објава на Фејсбук.

Ова е само едно поглавје што се затвора, додава, и нагласува дека  неговата посветеност кон градот и неговите луѓе ќе продолжи со иста енергија и одговорност.

-Секогаш ќе бидам на страната на оние што сакаат развој, чесност и правда за нашата општина. Мојот политички противник, г. Фисник Мела, го поздравувам за победата и му посакувам многу успех во раководењето со нашата општина. Посакувам да ја води Општината со мудрост, одговорност и љубов кон сите граѓани  затоа што Дебар е заеднички дом за сите нас, наведува Имери.

На вчерашниот втор круг на гласање за градоначалник, Имери освои 3674 гласови. Кандидатот на ВРЕДИ поддржан од ВМРО ДПМНЕ, Фисник Меља, доби поддршка од 4369 граѓани. 

Маркетинг
Маркетинг
Ad 2
Ad 1