Општини
Весна Кожинкова избрана за нов претседател на Советот на Општина Штип
																								
												
												
											Весна Кожинкова е старо-новиот претседател на Советот на Општина Штип. На денешната конститутивна седница на Советот на Општина Штип со 19 гласа „за“ и четворица советници кои гласаа воздржано беше избрана Весна Кожинкова за претседател на Советот на Општина Штип.
Кожинкова во своето обраќање пред советниците во Советот на Општина Штип истакна дека е огромна честа и задоволството вторпат да биде прва меѓу еднаквите во штипскиот Совет.
-Оваа доверба којашто ми се укажува не е само признание на нашата досегашна работа во изминатиот период, туку е уште поголема обврска да продолжиме заедно во иднина уште попосветено, поодговорно и уште потранспарентно. Изминатите четири години како претседател на Советот, сите заедно покажавме дека Советот може да биде институција, во којашто се почитуваат различностите, партиски пред се, во која со искрен дијалог, искрена почит едни кон други можеме да донесуваме одлуки за добробит на граѓаните, вели Кожинкова.
Таа порача дека советниците мора да работат во интерес на граѓаните бидејќи тие ги бирале како нивни претставници во Советот на Општина Штип.
ноември 4, 2025
											
											
											
								
								
