Connect with us

Вести

ДИК по преброени 100% од гласовите: ВМРО-ДПМНЕ победи во Дојран

Кандидатот на коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Илија Тентов, е новиот градоначалник на Општина Дојран, според целосно обработените резултати на Државната изборна комисија (ДИК).

Тентов освои 60,73% од гласовите, односно 1.180 гласа, додека неговиот противкандидат Ристо Цинев од коалицијата предводена од СДСМ доби 34,95% или 679 гласа.

Обработени се сите 8 избирачки места (100%)

Маркетинг
Маркетинг
Ad 2
Ad 1