Connect with us

Вести

Тошковски: Мирен изборен ден – пријавени 30 случаи на агитирање, поткуп, спречување на гласање, закани…

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, на прес-конференција соопшти дека изборниот ден на вториот круг локални избори минал мирно и без сериозни инциденти и нарушувања. Тој рече дека се пријавени неколку настани.

„Изборниот ден мина без сериозни инциденти. Ова е уште една потврда дека граѓаните, иснтитуциите и МВР покажаа зрелост и одговорност, и Македонија имаше едни од најмирните избори во историјата. Упатуваме благодарност до сите полициски службеници, како и до сите учесници на изборниот процес. Гласањето започна навреме на сите гласачки места, освен во 9 каде што почна со мали задоцнување, а на 8 избирачки места имаше привремени прекини на гласањето.

Во текот на денешниот ден пријавени се вкупно 30 настани, најмногу во Скопје. Најчести пријави имаше за агитирање во близина на гласачки места вкупно седум случаи, потоа можен поткуп при избори и гласање 5 настани, неовластано присуство на гласачко место четири пријави. Забележани изолирани случаи на спречување на гласање, фотографирање на гласачко ливче, неовластено фотографирање на граѓани, како и поединечни настани со упатени закани. По преземените проверки, во 19 од 26 случаи, наводите не се потврдени, а во другите случаи беа изготвени записници и преземени соодветни мерки. Во четири случаи во моментов траат проверките.

Секторот за компјутерски криминал се регистрирани 18 објави на социјални мрежи, кои се аналзираат и се постапаува согласно законските процедури. Сите пријави беа обработени со целосна одговорност и професионалност. Од она што е најважно е дека денот помина мирно, без сериозни инциденти. Тоа е заеднички успех на сите. Денеска уште еднаш покажавме дека Македонија може да организира избори како што доликуваат на сите модерни демократии“, изјави Тошковски.

Маркетинг
Маркетинг
Ad 2
Ad 2