Вести
ДИК: ВМРО-ДПМНЕ води во 19 општини, СДСМ во 4, ВРЕДИ во 4, НАИ во 2 и Унија на Роми во 1
Според првичните резултати објавени од Државната изборна комисија (ДИК), по преброени 45,35% од гласовите, кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ водат во 19 општини. СДСМ води во 4, исто како и Коалицијата ВРЕДИ (ВЛЕН). Националната алијанса за интеграција (НАИ) води во две општини, а Унијата на Роми има предност во Шуто Оризари.
Во првиот круг ВМРО-ДПМНЕ доби 33 градоначалника.
Тоа се разултати од обработени 45,35% избирачки места.
ноември 2, 2025

