Connect with us

Вести

Нема цензус во вториот круг: Победува кандидатот со најмногу гласови, ДИК резултатите ги објавува во рок од 12 часа

Во вториот круг од локалните избори, денеска во 32 општини и во Градот Скопје се гласаше за двајцата кандидати кои во првиот круг добија најмногу гласови, а за градоначалник ќе биде избран кандидатот кој ќе освои поголем број гласови.

Според Изборниот законик, ако и по вториот круг од кои било причини не се изврши избор на градоначалник, изборната комисија во рок од 15 дена од завршувањето на изборите ја известува Владата. По добивањето на известувањето Владата во рок од 15 дена ќе именува повереник за вршење на работите од надлежност на градоначалникот.

Владата најдоцна во рок од 15 дена по денот на именувањето на повереникот го известува претседателот на Собранието заради распишување на избори за градоначалник.

Државната изборна комисија првичните резултати од изборите добиени по електронски пат ги објавува сукцесивно, а резултатите врз основа на податоците од записниците од општинските изборни комисии односно Изборната комисија на градот Скопје во рок од 12 часа по завршувањето на изборите.

Kонечните резултати од изборите ДИК ги објавува веднаш, а најдоцна во рок од 24 часа од денот на нивната конечност.

Маркетинг
Маркетинг
Ad 2
Ad 1
Маркетинг