Connect with us

Тенис

Индискиот тенисер Бопана замина во пензија на 45-годишна возраст

Индискиот тенисер Рохан Бопана, 45, го објави денеска своето пензионирање, со што стави крај на професионалната кариера која траеше повеќе од две децении, во која освои две грен слем титули и стана највозрасниот тенисер број еден во машки двојки.
Бопана стана највозрасниот победник на грен слем турнир во машка конкуренција кога минатата година ја освои титулата на Австралија опен во двојки со Австралиецот Метју Ебден, што го однесе на врвот на АТП ранг-листата.
Претходно, Бопана триумфираше на Ролан Гарос во мешани двојки со Канаѓанката Габриела Дабровски во 2017 година.
„Како да се збогувате со нешто што му даде смисла на вашиот живот? По 20 незаборавни години во професионалниот тенис, време е официјално да го оставам рекетот“, наведе Бопана во објава на социјалните мрежи.
Во 2024 година, Бопана стана највозрасниот освојувач на АТП Мастерс турнир од серијата 1000, освојувајќи ја титулата во машки двојки во Мајами на 44-годишна возраст, повторно со Ебден, соборувајќи го сопствениот рекорд поставен една година претходно во Индијан Велс.

Маркетинг
Маркетинг
Ad 2
Ad 2
Маркетинг