Вести
Николоски: Градиме сојузи во интерес на националните интерси на граѓаните и на државата
Ние водиме целосно различна политика, градиме сојузи во корист на Македонија и го штитиме националниот интерес на Македонија. Ова раководство на ВМРО-ДПМНЕ успева да гради сојузи, за кои што Македонија можела да сонува во минатото, вели вицепрeмиерот Николоски во гостувањето на Радио Лидер.
На прашањето кој е интересот на Велика Британија да влезе во сојуз со нашата држава, вицепремиерот Николоски одговори:
“Пријателството со Велика Британија има историја, секако има и иднина. Велика Британија е секогаш присутна тука, уште од Втората Светска војна кога, ги помагаат партизанските одреди, се дел од ослободувањето на Македонија и не случајно британското знаме стои на Првото заседание на АСНОМ. Тоа е историјата, и таа историја е основ да градиме иднина. Од друга страна, во однос на иднината, знаете дека Велика Британија излезе од Европската Унија и дека сега тие сакаат да градат билатерални односи. Меѓудругото, ние потпишавме Гоговор за соработка во воздушниот сообраќај, што е влез на летови на британската национална авио компанија. Taка што не е голема филозофија, сакаат да градат партнерства, исто како и ние. Ние сме партнери во НАТО и се работи за земја членка во Советот за безбедност, се работи за земја чија што култура доминира со светот преку англискиот јазик и треба да сме наивни да не ја прифатиме оваа понуда”- рече вицепремиерот Николоски.
октомври 24, 2025

