Вести
Мицкоски во Лондон се сретна со Пленковиќ и со Одил Рено-Басо

Премиерот Христијан Мицкоски, кој заедно со владина делегација учествува на Самитот за Западен Балкан во Лондон, денеска се сретна со неговиот хрватски колега Андреј Пленковиќ и со директорката на ЕБРД Одил Рено-Басо.
– Остварена средба со хрватскиот колега Андреј Пленковиќ на која дискутиравме за европската перспектива и напредокот на реформските процеси. Хрватска е наш голем пријател и силен поддржувач на патот кон ЕУ, објави на Фејсбук премиерот Мицкоски.

За средбата со Рено-Басо, пак, пишува дека зајакнувањето на економските и трговските односи останува еден од приоритетите на работата на Владата.
– На денешната средба со Одил Рено-Басо, директор на ЕБРД разговаравме за економската состојба во државата, како и продлабочување на соработката и развој на нашата земја. Остануваме посветени за развој и раст на Македонија и сите граѓани, наведува Мицкоски на Фејсбук.
октомври 23, 2025