Вести
Мицкоски во Лондон се сретна со францускиот министер за Европа, Бенжамин Адад

Премиерот Христијан Мицкоски и политичкиот дел од делегацијата во Лондон денес имале средба со францускиот министер за Европа, Бенжамин Хадад.
„Разговаравме за билатералните односи, напредокот на патот кон Европската унија и континуираната поддршка од Франција за европската перспектива на нашата држава.
На средбата ја истакнавме цврстата посветеност на Владата на реформските процеси и на членството во Унијата, како и потребата од забрзување на овој процес. Стана збор и за актуелните случувања во регионот и за улогата на нашата земја како одговорен и конструктивен партнер кој активно придонесува кон стабилноста и безбедноста во регионот“, напиша министерот Тимчо Муцунски на Фејсбук.
Иако оваа влада го одби францускиот предлог за решавање на спорот со Бугарија ја користи секоја можност да има средба со француски преставници, откако стана јасно дека самата не успева ништо околу евроинтеграцијата и ако одолговлекува натаму – ќе треба со рускиот сателит Дељан Пеевски да преговара за ЕУ.
октомври 23, 2025