Тенис
Синер доби рекет од три килограми направен од чисто злато по освојувањето на „Сикс Кингс Слем“

Италијанскиот тенисер Јаник Синер доби рекет направен од чисто злато по освојувањето на егзибицискиот турнир „Сикс Кингс Слем“.
Наградата на турнирот во Ријад, Саудиска Арабија, тежеше приближно 3 кг. Рекетот е вреден 250.000 евра. Трофејот му го врачи Турки Ал-Шеик, советник на Кралската канцеларија на Саудиска Арабија.
Во 2024 година, слична награда му беше доделена и на Рафаел Надал.
Вчера Синер го победи Шпанецот Карлос Алкараз (6:2 и 6:4) во финалето на егзибицискиот турнир во Ријад. За освојувањето на „Сикс Кингс Слем“, тенисерот заработи шест милиони евра – повеќе отколку за освојување на кој било од Грен слем турнирите.
октомври 20, 2025