Connect with us

Тенис

Синер го победи Алкараз во финалето на „Сикс Кингс Слем“

Италијанскиот тенисер Јаник Синер го победи Шпанецот Карлос Алкараз синоќа во финалето на егзибицискиот турнир Сикс Кингс Слем во Саудиска Арабија со 6:2 и 6:4.

Мечот траеше 1 час и 13 минути.

Синер го освои турнирот по втор пат по ред. Во 2024 година, тој исто така го победи Алкараз во финалето.

Дваесет и четиригодишниот Италијанец заработи шест милиони долари за победата.