Connect with us

Тенис

Меѓународната тениска федерација го менува името во World tennis

Меѓународната тениска федерација (ИТФ) ќе го промени своето име во 2026 година во World tennis, објави денеска институцијата во чија организација се олимпискиот тениски турнир, Дејвис купот и Били Џин Кинг купот.

Федерацијата е основана во 1913 година во Париз и под сегашното име функционира од 1977 година. Промената на името, како што е соопштено, е одобрена од „огромно мнозинство“ од нејзините национални федерации членки за време на годишно општо собрание.

Новото име ќе стапи на сила на 1 јануари 2026 година, додека „брендот World tennis ќе биде лансиран во летото 2026 година“, се вели во соопштението.