Тенис
Предвремен крај на сезоната за Монфис

Францускиот тенисер Гаел Монфис (39), кој сè уште не е целосно рехабилитиран од септемвриската повреда на глуждот, објави денеска на социјалните мрежи дека ја завршува сезоната, најавувајќи дека 2026 година ќе биде негова последна на тениските терени.
Францускиот ветеран (АТП – 65), ранг-листата, на 18 септември се откажа од настап во првото коло од турнирот АТП 250 во кинескиот град Ченгду, откако го повреди десниот глужд.
Турнирот беше негово враќање на теренот по поразот во првото коло на УС Опен кон крајот на август.
Потоа, на 1 октомври објави дека 2026 година ќе биде неговата последна година како професионален тенисер.
Монфис во објавата на социјалните мрежи нагласи дека многу би сакал да ја заврши кариерата во Арената „Ла Дефенс“ следната година на турнирот „Мастерс 1000“ во Париз.