Connect with us

Вести

На твитер објавена снимка од директорот на Неврологија како шмрка кокаин, Алиу веднаш го разреши

На социјалните мрежи денеска се појави видео на кое се гледа како Кузмановски меша бела прашкаста материја во чинија, зборува за неа со асоцијации за кокаин и разговара со друго лице кое најверојатно го снимало видеото.


Попладнево пак министерството за здравство соопшти дека министерот Азир Алиу денеска донел решение за разрешување на директорот на ЈЗУ Универзитетска клиника за неврологија, проф. д-р Игор Кузмановски.

Во најкраток рок ќе биде именуван нов директор согласно законските процедури. Работата на Клиниката продолжува непречено, наведуваат од Министерството.

Маркетинг
Ad 1
Ad 3