Фудбал
Манчестер Јунајтед го продава Бруно Фернандеш

Премиерлигашот Манчестер Јунајтед е подготвен да го продаде Португалецот Бруно Фернандеш во Саудиска Арабија. Трансферот би се реализирал во текот на летниот преоден рок, а тимот од Англија би заработил 115 милиони евра.
Според англиските медиуми интерес за Бруно Фернандеш има од Ал Хилал. Ова лето Манчестер Јунајтед и фудбалерот одбија трансфер со причина дека Фернандеш сака да игра уште фудбал на највисоко ниво.
Но, клубот во моментов е на 14.место на табелата во Премиер лигата со седум освоени бодови од 18 можни.
Договорот меѓу „црвените ѓаволи“ и Фернандеш е до летото 2027 година, но понудата за договор и неделна плата од 800.000 евра неделно е двојно повеќе од тоа што Бруно го добива во Манчестер.
Досега во кариерата Бруно Фернандеш има одиграно 298 натпревари за Манчестер Јунајтед и има ефект од 100 голови и 86 асистенции.
октомври 9, 2025