Вести
Трајков: Можностите во рамки на Планот за раст ќе ги поттикнат плановите за обликување на иднината на следните генерации

Заменик- министерката за европски прашања Викторија Трајков денеска присуствувала на регионалниот семинар во организација на UNECE што се одржува во Скопје.
Како што соопшти Министерството за европски прашања, заменик-министерката го поздравила учеството на експертите од сите земји од Западен Балкан и порачала дека искуствата од Обединетите нации и Европската Унија во оваа област се особено значајни и корисни.
-Како земји чија иднина е во согласност со европските перспективи, ги знаеме нашите обврски и го знаеме нашиот пат што треба да го градиме заеднички и обединети. Идеите ги поврзуваат нашите луѓе, правејќи го регионот поинтегриран и посилен и покрај предизвиците што претстојат. Цврсто верувам дека проектите за кои зборуваме денес ќе ја создадат нашата иднина утре, нагласи Трајков.
Заменик-министерката истакнала дека можностите во рамки на Планот за раст ќе ги поттикнат плановите за обликување на иднината на следните генерации, повикувајќи „да се искористат можностите што ги имаме и да ги направиме соништата реалност во име на посветла иднина за сите нас“.
-Можеме да го забрзаме протокот на стоки во регионот, можеме да ги зајакнеме нашите економии и можеме да ги претвориме предизвиците во можности, затоа што знаеме како, порачала заменик-министерката Трајков.
Овој 7-ми семинар е продолжение на првичниот состанок што се одржа во декември 2006 година во Охрид, на кој визионерски беа поставени темелите за дигитализација на документи и процедури за обработка и размена на податоци во меѓународната трговија во регионот на Југоисточна Европа, додаваат од МЕП.
октомври 4, 2025