Вести
Муцунски на маргините на Генералното собрание на ОН на работен ручек со шефовите на дипломатиите од ЦЕИ

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски на маргините на 80. Генерално собрание на ОН во Њујорк учествувал на работниот ручек на министрите за надворешни работи на земјите од Централноевропската иницијатива (ЦЕИ), во рамки на српското претседавање.
Како што објави Муцунски на својот Фејсбук профил, фокусот бил ставен на проширувањето на ЕУ во контекст на актуелните геополитички предизвици и потребата од засилена регионална соработка.
-Потврдивме дека ЦЕИ останува клучна платформа за дијалог, солидарност и партнерство – вредности што се најголема сила на регионот во време на глобални промени. Истовремено нагласивме дека интеграцијата на Западен Балкан не смее повеќе да се одложува, туку треба да се гледа како инвестиција во безбедноста и стабилноста на Европа, наведува Муцунски.
Муцунски во објавата заклучува дека остануваме целосно посветена на европскиот пат – како геостратешка неопходност за стабилен и просперитетен регион.
септември 27, 2025