Вести
Муцунски со низа билатерални средби на маргините на Генерално собрание на Обединетите нации

Во рамки на учеството на 80. Генерално собрание на Обединетите Нации во Њујорк, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, остварил повеќе билатерални средби со своите колеги од Португалија, Либан, Узбекистан и Соломонските Острови, како и со генералниот секретар на ОБСЕ.
Како што соопшти Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, на средбата со португалскиот министер за надворешни работи, Пауло Ранжел, било изразено задоволство од одличните билатерални односи и партнерството во рамки на НАТО. Била нагласена важноста на европската интеграција и потврдена подготвеноста за продлабочување на политичкиот дијалог, трговијата и економската соработка.
Со министрите за надворешни работи на Либан и Соломонските Острови било поздравено воспоставувањето на дипломатските односи и изразена подготвеност за нивно понатамошно унапредување.
– Во рамки на средбата со узбекистанскиот министер, Бахтијор Саидов, бил потпишан Протокол за соработка и консултации меѓу двете министерства, кој ќе претставува основа за унапредување на билатералните односи и политичката соработка, стои во соопштението на МНРиНТ.
Министерот Муцунски се сретнал и со генералниот секретар на ОБСЕ, Феридун Х. Синирлиоглу, при што беше потврдена успешната досегашна соработка и разговарано за нејзино понатамошно продлабочување.
септември 27, 2025