Вести
За насилникот од гостиварско Топлица е поведена истрага за обид за убиство при семејно насилство
Основното јавно обвинителство Гостивар донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека извршило кривично дело – Убиство од член 123 став 2 точка 2 во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик.
Осомничениот М.М. (52) од гостиварското село Топлица вчера околу пладне извршил семејно снасилство врз сопругата. Според ОЈО Гостивар, тој со умисла се обидел да ја лиши од живот неговата сопруга.
– При расправија во семејниот дом во селото Топлица, осомничениот употребил физичка сила и остар предмет со кој повеќепати ја удирал оштетената во главата, лицето и телото. На жената и нанел повеќе тешки телесни повреди, убодни рани и скршеници на повеќе ребра од кои таа паднала во бесзонание, информираат од обвинителството.
Настанот во полициска станица го пријавил таткото на осомничениот, а кога полициските службеници пристигнале на местото, ја пронашле жената без свест. Според СВР Тетово, про приведувањето насилникот пружал отпор и повредел еден полицаец. По што заради проблеми со менталното здравје, е пренесен во специјална болница во Скопје
– Ценејќи ги сите околности, тежината на стореното кривично дело, опасноста од бегство и влијание врз сведоци, како и можноста да го доврши делото, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот, се наведува во соопштението на Јавното обвинителство.
Судија на претходна постапка од гостиварскиот суд побарал осомничениот да биде спроведен во судот до крајот на денот од психијатриската болница. Нему најверојатно ќе му биде одреден притвор додека му биде направено вештачење, бидејќи постојат индиции дека е непресметлив.
ноември 29, 2026


