Connect with us

Вести

Во Основниот суд во Охрид почнува судењето против Кристијан Корабоски за нападот врз 26-годишната Сара Ѓорѓиеска

Во Oсновниот суд во Oхрид почнува судскиот процес против 31-годишниот Кристијан Корабоски, обвинет за нападот врз 26-годишната девојка Сара Ѓорѓиеска, што се случи на 15 ноември.

Предметот ќе го води судијката Александра Поп Стефанија. Против 31-годишникот Корабоски поднесено е обвинение за три кривични дела – телесна повреда, противправно лишување од слобода и загрозување на сигурноста.

Претходно, Основниот суд во Охрид му одреди притвор во траење до 30 дена.

Ad
Ad