Сцена
Бред Пит и Анџелина Џоли постигнаа спогодба по продажба на француската винарија „Миравал“
Актерите Бред Пит и Анџелина Џоли постигнаа вонсудска спогодба и ставија крај на долгогодишната правна битка за француската винарија „Миравал“, без притоа тоа да ги откријат условите на договорот.
Пит тужбата против поранешната сопруга ја поднесе во февруари 2022 година, по продажбата на нејзиниот дел во винаријата на „Столи груп“, производител на алкохолни пијалаци. Тој тогаш тврдеше дека Џоли го прекршила договорот во кој пишувало дека не смеат да го продадат својот дел без согласност на другиот, по што следувала контратужба од актерката.
Актерот ги негирал обвинувањата. Според неговите адвокати, продажбата на нејзиниот дел не се случила поради барањето да потпише договор за доверливост по кој нема да смее да зборува јавно за наводната злоупотреба.
„Миравал“ е позната винарија во Корен, во областа Прованса, во јужна Франција. Се простира на површина од околу 600 хектари, опкружена со лозја, шуми и маслинови насади.
Винаријата светска популарност ја стекна откако беше купена од Бред Пит и Анџелина Џоли во 2008 година.
ноември 26, 2026


