Живот
Температурата на глобално ниво шест дена по ред е повисока за два Целзиусови степени од прединдустрискиот период
Температура на површината на Земјата на глобално ниво шест дена по ред е најмалку два Целзиусови степени повисока од прединдустриското ниво, што се случува првпат откако се прават мерењата, објави „Гардијан“.
Дневната глобална температура во понеделникот достигна рекордни 2,24 степени над нивото од 1850 до 1900 година, а прогнозите покажуваат дека ќе остане на слично ниво уште најмалку неколку дена.
Низата е премногу кратка за да се заклучи дека е надмината горната граница на глобалната цел од Парискиот договор за климата, но научниците предупредуваат дека тоа е показател за можните последици доколку емисиите на стакленички гасови бргу не се намалат.
ноември 26, 2026


