Connect with us

Формула 1

Хамилтон: Ако имав поддршка можевме да бидеме пред Кими

Возачот на Ферари Луис Хамилтон смета доколку имал подобар болид можел да биде и шампион. На две трки до крајот на шампионатот во формула 1 Хамилтон се наоѓа на третото место. Шампионската титула сезонава веќе ја освои Кими Антонели.

Британскиот возач на Ферари смета дека проблемот не е во него, туку во болидот. Хамилтон смета дека никогаш не барал да има третман број 1 во тимот, но во еден момент имаше 40 бодови предност во однос на клупскиот колега Шарл Леклер и според него тогаш титулата била помеѓу него и Антонели.

– За време на сезоната имаше неколку ситуации кога беше неопходна поддршка и можевме да го победиме Кими во таа борба, изјави Хамилтон.

Дополнителен проблем за Ферари беше инцидентот на трката во Лас Вегас, кога двајцата возачи имаа судар.

Хамилтон победи на само една трка – ГН Шпанија, а Леклер беше победник на трката во Силверстоун.

Антонели, пак, за разлика од возачите на Ферари имаше одличен старт и пет победи.

Ad
Ad