Connect with us

Фудбал

УЕФА ја казни англиската репрезентација поради расизам

Фудбалската федерација на Англија доби условна забрана за продажба на билети за гостински натпревари поради „расистичко и/или дискриминаторско однесување“ од навивачите за време на победата од 3-2 над Шпанија во Мадрид изминатиот викенд, објави УЕФА.
Забраната од еден натпревар е привремена и ќе важи две години. Фудбалската асоцијација е исто така казнета со 15.000 евра.
Казната, како што е образложено, е поврзана со антикатолички и антиирски скандирања што можеа да се слушнат за време на натпреварот во шпанската престолнина.
Англија ја прекина серијата од 43 натпревари без пораз на Шпанија со головите на Хари Кејн, Езри Конса и Бен Вајт.

Ad
Ad