Connect with us

Вести

Владата на Кина ќе додели две стипендии за додипломски, магистерски и докторски студии и специјализации

Владата на Народна Република Кина за учебната 2027/2028 година ќе додели две стипендии за  додипломски  (редовни), магистерски и докторски студии и специјализации, објави Министерството за образование и наука.

 МОН во објавата за  конкурсот наведува дека кандидатите за стипендии од Кина треба да се пријават онлајн на www.campuschina.org и да ги прикачат документите наведени во конкурсот, во кој се содржани и контакти за повеќе информации во врска со стипендирањето.  

Рокот за пријавување е 15 јануари 2027, до кога кандидатите што ќе се пријават онлајн за стипендии од Владата на НР Кина треба да достават и копија од пријавниот лист во архивата на Министерството за образование и наука.

 Изборот на кандидатите  ќе го изврши Амбасадата на НР Кина во Скопје. Прифатените кандидати ќе ги почнат студиите од септември 2027 година.

Ad
Ad