Connect with us

Економија

Активирано мобилното и електронското банкарство на Алта Банка, засега само за увид во сметките

Мобилното и електронското банкарство на АЛТА банка АД Битола повторно се во функција, но со ограничени можности за корисниците. Засега, клиентите можат да ја проверуваат и следат состојбата на своите сметки, додека останатите банкарски функционалности сè уште не се достапни.

Од Банката информираат дека интензивно работат на постепено воспоставување на сите услуги, со цел целосно враќање на функционалноста на дигиталните банкарски канали.

„Во оваа фаза, преку мобилното и електронското банкарство е овозможен увид и следење на состојбата на вашите сметки, додека останатите функционалности сè уште не се достапни“, се наведува во соопштението на АЛТА банка.

Ad
Ad