Connect with us

Свет

Деб Халанд избрана за гувернерка на Њу Мексико со што стана првата домородна жена на таа функција

Демократката Деб Халанд е избрана за гувернерка на Ново Мексико, со што стана првата домородна жена во историјата на САД што ја зазема оваа функција, покажуваат проекциите.

Халанд го победи републиканецот Грег Хал во оваа сојузна држава на југозападот од САД, според проекциите на американските телевизиски мрежи „Ен-би-си њуз“ и „Еј-би-си“. Нејзината победа беше предвидена во анкетите на јавното мислење.

Родена 1960 година, Халанд претходно вршеше функција на американска министерка за внатрешни работи за време на претседателот Џо Бајден од 2021 до 2025 година станувајќи првата домородна жена со министерска позиција во владата на САД.

Ново Мексико има население од речиси 2 милиони жители.

Ad
Ad