Свет
Помилуван учесник во нападот врз Капитол уапсен поради закани кон федерални судии
Машко лице што беше помилувано од американскиот претседател Доналд Трамп поради учеството во нападот врз Капитол на 6 јануари 2021 година, е уапсено поради упатени смртни закани кон судиите кои ги воделе судските постапки против учесниците во нападот.
Како што соопшти американското обвинителство, Кливленд Мередит (58) е обвинет пред федерален суд во Атланта за упатување смртни закани кон судиите кои постапувале во предметите поврзани со нападот врз Капитол, се наведува во кривичната пријава.
Според обвинителството, Мередит во април објавил порака на Фејсбук во која се заканил дека сите федерални судии кои ги воделе постапките поврзани со нападот ќе бидат ликвидирани.
Обвинителите побарале за него да биде одреден притвор, наведувајќи дека во последните недели објавувал повеќе пораки со повици на насилство по одржувањето на конгресните избори на средината од претседателскиот мандат во САД.
Во една од објавите, од 6 октомври, напишал дека стрелањата ќе почнат во среда, 4 ноември, се наведува во судскиот поднесок.
ноември 4, 2026


