Ракомет
Салата распродадена за големото македонско ракометно дерби
Повеќе нема билети за дербито Вардар – Пелистер од 9. коло на ракометната Супер лига закажано за утревечер во Скопје. Салата СЦ „Јане Сандански“ е целосно распродадена, соопштија „црвено-црните“.
– Сите билети за утрешниот натпревар против РК Еурофарм Пелистер се распродадени. Да уживаме во одличната игра на терен и во прекрасната атмосфера на трибините. Да уживаме во уште едно македонско дерби.
Поради заедничката кореографија низ цела сала, апелираме сите кои ќе присуствуваат на натпреварот да дојдат 15 минути порано на своите места и да не креваат ништо што е поставено на столчињата, без претходно да добијат знак од лицата за координација. Црвено-црната нека доминира. Вардарци, се гледаме во сала, стои во објавата на РК Вардар.
Почетокот на натпреварот е во 17:45 часот.
ноември 1, 2026


