Connect with us

Фудбал

Трент Александер-Арнолд на излезна врата од Реал Мадрид

Англискиот репрезентативец во редовите на Реал Мадрид Трент Александер-Арнолд би можел следното лето да се врати во Премиер лигата откако во последно време го загуби местото во тимот. Во ваков случај враќање во Премиер лигата за него би била првата опција, но не во Ливерпул туку лондонски Челзи.

Според информациите на сајтови кои ги следат фудбалските случувања отворена е и варијантата Трент уште во јануарскиот преоден рок да го напушти клубот. Фудбалерот свој матичен клуб Ливерпул го напушти во 2025 година, но негово враќање во тимот од Енфилд не е опција, иако „црвените“ имаат проблем на десната бековска позиција по неговото заминување.

Навивачите на Ливерпул тешко ја прифатија неговата одлука да замине од клубот за трансфер во Реал Мадрид и поради начинот на кој си замина, можно негово враќање да предизвика негативни реакции кај навивачите на Ливерпул.

Ad
Ad