Connect with us

Хроника

Притвор од 30 дена за охриѓанец осомничен за производство и дистрибуција на детска порнографија

Отсекот за компјутерски криминал при СВР Охрид поднесе кривична пријава против 42-годишен охриѓанец поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „производство и дистрибуција на детска порнографија“ по член 193-а од Кривичниот законик.

При претрес во неговиот дом, извршен на 20 октомври со судска наредба, полициските службеници од СВР Охрид, во координација со колегите од Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР, пронашле и одзеле десктоп-компјутер и видеоматеријали со експлицитни содржини од детска порнографија.

Осомничениот бил веднаш лишен од слобода, а судија на претходна постапка му одредил мерка притвор во траење од 30 дена. 

Ad
Ad